28-годишен кумановец ја нападнал невенчаната сопруга

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишен кумановец бил приведен по пријава дека физички ја нападнал неговата невенчана сопруга.

Loading...

– На 19.11.2024 во 12.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С.(28) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата невенчана сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Тој бил приведен во полициска станица и, како што додаваат од кумановската полиција, по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Делови за мотоцикли, облека, обувки и вино запленети на Табановце