Делови за мотоцикли, облека, обувки и вино запленети на Табановце

Сподели со своите пријатели

Делови и опрема за за мотоцикли, разна облека, обувки и вино биле запленети на Табановце во текот на изминатата недела.

Loading...

Како што информираат од Царинската управа запленети биле 61 парчиња делови и опрема за мотоцикли.

– Откриени се од царински службеници при контрола на автомобил на влез во државата на граничниот премин Табановце, додаваат од ЦУ.

 

 

Во друг случај биле откриени 32 парчиња облека, 10 пара обувки, алати и 20 литри вино.

– Откриени се при контрола на камион кој бил пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи се пронајдени на горниот кревет во кабината на камионот. Истите се запленети, а  и истите се привремено задржани, стои во соопштението.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  28-годишен кумановец ја нападнал невенчаната сопруга

Како што додаваат од Царинската управа, против возачите ќе бидат поведени соодветни постапки.

Никола Ивановски