Годишната стапка на инфлација во еврозоната во октомври изнесуваше два отсто, што е зголемување во однос на септември кога изнесуваше 1,7 отсто, објави Евростат.
Една година претходно, стапката беше 2,9 отсто.
Базичната инфлација, која ги исклучува цените на енергијата и храната, беше 2,7 отсто во еврозоната во октомври.
Годишната инфлација на Европската унија беше 2,3 отсто во октомври 2024 година, наспроти 2,1 отсто во септември. Една година претходно, стапката беше 3,6 отсто.
Најниски годишни стапки се забележани во Словенија (0,0 отсто), Литванија и Ирска (по 0,1 отсто).
Највисоки годишни стапки се забележани во Романија (пет проценти), Белгија и Естонија (по 4,5 проценти).
Во однос на септември годинава, годишната инфлација падна во две земји-членки, во шест остана стабилна, а во деветнаесет се зголеми.
Во октомври 2024 година, услугите најмногу придонесоа за годишната стапка на инфлација во еврозоната, а потоа храната, алкохолот и тутунот, неенергетските индустриски стоки и енергијата.