Песков: Замрзнат конфликт во Украина не е опција за Русија

Сподели со своите пријатели

Замрзнувањето на конфликтот во Украина не е опција за Русија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека е важно Москва да ги постигне своите цели во конфликтот.

Loading...

„Претседателот (на Русија) Владимир Путин јасно кажа дека опцијата за замрзнување на конфликтот не е прифатлива за нас. За нас е важно да ги постигнеме нашите цели, кои се добро познати на сите“, рече Песков, одговарајќи на новинарско прашање за можни преговорите за границата меѓу Русија и Украина, објави Риа њуз.

Песков одговараше на извештаите дека Русија може да размисли за замрзнување на конфликтот или повлекување од територијата во регионот Харков во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија има брутален нов метод на војување: Операцијата „Лажна цел“ има застрашувачки ефект

Во јуни Путин претстави иницијативи за мирно решавање на конфликтот, предлагајќи прекин на огнот и преговори под услов Украина да ги повлече своите трупи од териториите припоени од Русија.

Тогаш тој нагласи дека Киев мора да се обврзе да не влезе во НАТО и побара и укинување на санкциите против Русија.

По нападот на украинските сили врз регионот Курск, Путин изјави дека е невозможно да се преговара со оние кои напаѓаат цивили и цивилна инфраструктура или кои се обидуваат да ја загрозат нуклеарната безбедност.

Песков додаде дека, и покрај претходно презентираните мировни иницијативи, Русија во моментов не размислува за преговори со Украина, со оглед на ескалацијата на конфликтот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин подготвен да преговара со Трамп за прекин на огнот во Украина: Ова се неговите услови

Русија смета дека испораките на оружје за Украина ја попречуваат можноста за решавање на конфликтот.

Loading...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно изјави дека секоја испорака на оружје во Украина ќе биде цел, тврдејќи дека САД и НАТО се директно вклучени во конфликтот, не само преку снабдување со оружје, туку и со обука на украинскиот воен персонал во земји како што се Велика Британија, Германија и Италија.