Вучиќ во мај во Москва „ако не дојде крајот на светот“

Сподели со своите пријатели

Српскиот претседател Александар Вучиќ одговарајќи на новинарско прашање дали ќе одговори на поканата на рускиот претседател Владимир Путин следната година да присуствува на парадата на Црвениот плоштад по повод 80-годишнината од победата над фашизмот, рече дека тоа ќе му биде чест, но дека во меѓувреме се плашел од расплетот на настаните во светот.

Loading...

„9 мај е далеку и му благодарам на Путин за поканата. Ако не се случи крајот на светот – не сум навистина сигурен, но се надевам – ќе ми биде голема чест да бидам на Црвениот плоштад, како што бев за 75-годишнината“, изјави Вучиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вучиќ најави оставки во српската Владата поради несреќата во Нови Сад

Српскиот претседател, кој често го нагласува своето познанство со Путин, не ја посети Русија по инвазијата на Украина во февруари 2022 година, која започна пред точно 1.000 дена.

Тој рече дека, доколку дојде до интензивирање на конфликтот во руско-украинската војна, Србија нема да се меша и ќе се обиде да ја зачува неутралноста за која „скапо плаќа“.

Србија упорно избегнува да се приклучи кон меѓународните санкции против Русија, на кои инсистира и Брисел, нагласувајќи ја обврската на Белград да се придржува кон надворешната и безбедносната политика на Унијата во процесот на европска интеграција, потсетува Хина.