Германија: Остануваме на одлуката да не испорачаме ракети со долг дострел на Украина

Сподели со своите пријатели

Германија останува на својата одлука да не испорачува ракети со долг дострел на Украина, соопшти денеска портпаролот на германската влада.

Loading...

„Одлуката на канцеларот е непроменета“, рече портпаролот на брифингот за медиумите, пренесува Ројтерс.

Претходно денеска, германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок рече дека САД донеле „важна одлука“ во врска со воената поддршка за Украина, мислејќи на одлуката на американскиот претседател Џозеф Бајден да и дозволи на Украина да користи оружје произведено од САД за напади длабоко во руската територија.

Според пишувањето на „Њујорк тајмс“ и наводите на Ројтерс и некои други медиуми, администрацијата на американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден во неделата ја овластила Украина да користи крстосувачки ракети со долг дострел ATACMS за напади длабоко во руска територија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ројтерс: Бајден ја укинува забраната за Украина да користи американско оружје за напад во Русија

Затоа Германија од декември ќе ѝ испорача на Украина 4.000 високотехнолошки дронови контролирани од вештачка интелигенција (ВИ) и заштитени од уреди за електронско војување, кои веќе се користени во битките на југот и на истокот на Украина, објавија денеска германските и украинските медиуми.

Германската компанија Хелсинг, која се занимава со вештачка интелигенција, годинава потпиша договор со Министерството за одбрана на Украина за набавка на 4.000 дронови, пишува „Билд“ повикувајќи се на изјавата на германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

Писториус по масовниот руски воздушен напад врз Украина во неделата наутро изјави дека е среќен што испораката на овие дронови за напади со вештачка интелигенција ќе започне „веднаш“, пренесува агенцијата Укринформ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се огласи Кремљ по најавите за употреба на американско оружје за напади на руска територија

Германскиот весник наведува дека од декември ќе бидат испорачани 4.000 дронови, неколку стотици единици месечно и дека тоа не се обични дронови – камикази – управувани од луѓе, туку дека беспилотните летала што ќе бидат испорачани во Украина се високотехнолошки авион контролиран од АИ, кој го доби индустрискиот прекар „мини Таурус“.

Loading...

Се посочува дека беспилотните летала што ги произведува компанијата Хелсинг имаат софтвер кој во голема мера ги штити од руско заглавување на ГПС и други средства за електронско војување.

Како што изјави за „Билд“ соговорник од индустријата за оружје, предметниот дрон се „набљудува“ и препознава каде се наоѓа, врз основа на илјадници патокази, „за да не го изгуби својот пат дури и при неповолни временски услови или во подрачја на бомбардирање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите зазедоа уште едно село во Украина

„Откако целта ќе биде пронајдена и операторот ќе му даде инструкции на леталото, дронот лета автономно до целта“, рече официјалниот претставник.

Дронот, кој има четири крила и пропелери, се смета за технолошки напредок, додека неговата најголема вредност, според официјалните лица, е неговиот софтвер со вештачка интелигенција за пилоти на беспилотни летала, со чија помош тие можат да летаат до цели доколку се наруши радио комуникацијата. според украинската агенција.