Русија погоди станбена зона во Украина: Меѓу загинатите две деца, речиси 90 ранети

Сподели со своите пријатели

Руска балистичка ракета со касетно оружје погоди станбена зона во северниот украински град Суми, при што загинаа 11 лица, меѓу кои две деца, а 84 лица беа ранети, соопштија денеска официјални лица.

Loading...

Претходно, регионалното обвинителство објави дека осум лица, меѓу кои и едно дете, загинале во ракетен напад синоќа во Суми, а најмалку десет биле ранети.

Официјални лица денеска додадоа дека шест ранети деца се во критична состојба.

Во синоќешниот напад на Суми, кој е на 40 километри од руската граница, оштетени се 15 згради, меѓу кои и две училишта, соопшти регионалното обвинителство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германската министерка ја поддржа одлуката на Бајден Украина да ја нападне Русија

Акцијата за пребарување и спасување продолжува и денеска.

Главната цел на големиот руски напад во неделата беше енергетската инфраструктура на Украина.