Од голема кашлица, преку грип и шуга, вкупно 83 случаи на акутни заразни заболувања биле регистрирани во Центарот за јавно здравје Куманово во октомври.
Loading...
Извештајот на Институтот за јавно здравје покажува дека во текот на десетиот месец од годината, биле регистрирани вкупно 22 случаи на ентероколитиси, 21 случаи на Менингококна болест, 17 на голема кашлица.
Биле регистрирани и 18 случаи на шуга, но и пет случаи на туберкулоза.
Во посочениот период биле регистрирани и 65 случаи на грип.
Никола Ивановски