Орбан: ЕУ треба да ги преиспита санкциите против Русија поради високите цени на енергијата

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската унија мора да ги преиспита санкциите против Русија, бидејќи тие придонесуваат за одржување на високите цени на енергијата, што негативно влијае на конкурентноста на европската економија.

Loading...

Орбан изјави за унгарското јавно радио Кошут дека високите трошоци за енергија ги ставаат европските компании во неповолна положба во споредба со нивните конкуренти, особено американските компании кои плаќаат значително пониски цени за енергија.

Според него, американските компании плаќаат само четвртина од сумата што европските компании ја издвојуваат за гас и струја, што создава сериозен конкурентен проблем за ЕУ, пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Музејот Гулаг во Москва е привремено затворен

Орбан истакна дека Унгарија, која зависи од руските енергетски извори, не може да ја реши оваа ситуација без промени во политиката на санкции на ЕУ.

Од почетокот на војната во Украина во 2022 година, Орбан стана еден од најгласните критичари на санкциите против Русија, како и на воената и финансиската поддршка што ЕУ и ја дава на Украина, пренесува Танјуг.

Додека западноевропските земји работеа напорно за да ја намалат зависноста од руската енергија, Унгарија сè уште добива меѓу 80 и 85 отсто од природниот гас и 80 отсто од нафтата од Русија.