Германија: Десничарските екстремни ставови во пораст на Запад

Сподели со своите пријатели

Разликите меѓу ставовите за ксенофобија или антисемитизам во источна и западна Германија се намалуваат, покажува новото истражување.

Loading...

Сепак, тие се зголемуваат кога е демократијата во прашање.

На западот на Германија, одобрувањето на ксенофобични ставови е значително зголемено и се приближува кон ставовите на истокот на земјата.

Во исто време, на истокот на Германија, задоволството од демократијата е на најниско ниво од 2006 година.

Ова се клучните резултати од студијата за авторитаризам за 2024 година, која беше претставена во Берлин.

Авторитаризмот се дефинира како диктаторска форма на владеење со ограничен плурализам и без изразена идеологија.

„Обединети во огорченост“ – Центарот за истражување на десничарскиот екстремизам и демократија на Универзитетот во Лајпциг под тој наслов ги сумираше одговорите на 2.500 испитаници.

Студијата е реализирана во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел, блиска до германските зелени, а во нејзината реализација учествувала и Фондацијата Ото Бренер, блиска до германскиот синдикат на металци.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  COP29: Градовите во Кина и САД испуштаат најмногу стакленички гасови

Ксенофобијата на Запад силно расте

Погледот наназад покажува дека од почетокот на таа серија истражувања, односно од 2002 година, поддршката за ксенофобични и шовинистички ставови на западот на Германија опаѓа, додека таа флуктуира на исток.

Сега до неодамна големите разлики се намалуваат.

Процентот на оние со изразен ксенофобичен светоглед на Запад се зголеми од 12,6 на значителни 19,3 проценти во 2022 година.

На исток тој процент благо се намали од 33,1 на 31,5 отсто.

„Ксенофобијата се разви во општо чувство на огорченост во целата земја“, вели социологот и психолог Елмар Брелер, кој го спроведе истражувањето во соработка со експертот за десничарски екстремизам Оливер Декер и неговиот тим.

Испитаниците беа лично интервјуирани и тие пополнуваа прашалници за нивните ставови.

Најксенофобични ставови кај гласачите на АфД

Околу 31 отсто од испитаниците на Запад се согласиле со изјавата дека Германија е „преплавена од море од странци“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ни другите не ги намалуваат емисиите: Трамп ќе има мало влијание врз емисиите на стакленички гасови

Во 2022 година, 22,7 отсто од учесниците во истражувањето имале ксенофобични ставови. На исток тој број се зголеми од 38,4 на 44,3 отсто.

Loading...

Ксенофобичниот поглед на светот е најизразен меѓу гласачите на Алтернатива за Германија (AfD): 61 отсто.

Станува збор за партија која Канцеларијата за заштита на уставниот поредок во неколку источногермански покраини јасно ја оценува како екстремна десница.

Посебно е забележливо, истакнува Декер, дека „овогодинешната студија, пред сè на западот на Германија, бележи јасна промена, исто така, во порастот на антисемитските ставови од три на 4,6 отсто, додека во на исток паднаа од истото ниво на 1,8 отсто.

Источна Германија се повеќе покажува отстапување од демократијата

Задоволството од состојбата на демократијата опаѓа низ Германија, иако 90,4 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е теоретски добра идеја.

Сепак, само 42,3 отсто се задоволни од начинот на кој таа форма на владеење се перципира и манифестира во пракса.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОБСЕ: Oд клучно значење е да се гонат злосторствата од омраза

Додека во 2022 година 53,5 отсто биле задоволни од демократијата, две години подоцна тој процент е 29,7 отсто.

На Запад тој процент падна од 57,7 на 46 отсто. Во исто време, националистичките ставови стануваат се поизразени.

За прв пат, испитаниците можеа писмено да ги изразат своите размислувања за демократијата.

Loading...

Најчесто се жалеа на незадоволство од партиите, политичарите, како и немањето можности за учество.

Студијата јасно покажува дека многу луѓе ја доживуваат иднината како неизвесна.

„Бегање од реалноста“

Отворено е прашање какви последици би можеле да имаат резултатите од студијата за политиката и општеството, според истражувачите.

„Иако на демократијата се гледа со скептицизам, не е јасно дали желбата за авторитарни или екстремно десничарски решенија ќе потрае и ќе опстои на долг рок. А сепак, постои тенденција да се оддалечиме од реалноста“, заклучува водачот на студијата Оливер Декер.