Викенд прогноза за Куманово: Утринските температури во негатива

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно, во југозападните делови со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Loading...

Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево, но студено време со мала облачност.

Ќе дува умерен до умерено засилен ветер од северен правец.

Loading...

Утринската темпрература ќе се движи околу нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне три степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Камери за сообраќајни прекршоци во Куманово од 2025 година

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен северен ветер.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу четири степени под нулата, а максималната дневна се очекува да достигне седум степени целзиусови.

 

Loading...

 

Во недела ќе имаме сончево и нешто потопло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи околу еден степен под нулата, а максималната дневна се очекува да достигне 10 степени целзиусови.

 

 

Првиот дел од претстојната работна недела носи сонце и повисоки температури, а вториот дел од седмицата ќе донесе дожд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Водата од чешмите во Проевце е безбедна за пиење

Никола Ивановски

Loading...