Француското обвинителство бара пет години затвор за Марин Ле Пен

Сподели со своите пријатели

На судењето на политичарката Марин Ле Пен, претседателката на претставничката група на француската крајнодесничарска партија Национален собир, обвинета за наводно воспоставување „организиран систем“ за пренасочување на јавните средства на штета на Европскиот парламент, Француското обвинителство побара казна од пет години затвор, од кои две години ќе бидат условни без можност за одложување на извршувањето на казната, пренесоа француските медиуми.

Loading...

На Ле Пен ѝ се суди пред судот во Париз заедно со уште 24 обвинети лица, а според неа, процесот бил покренат со цел да се уништи нејзината партија, пишува дневниот весник Фигаро.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кои се двете најопасни жени во Европа? Овие убавици ги бара Интерпол!

„Постои желба да се уништи партијата“, рече Марин Ле Пен во Националното собрание, осудувајќи ги „насилството и претерувањата“ во обвинувањата, пренесува Танјуг.

Барања на обвинителството

Обвинителството побара затворски казни за обвинетите без можност за одлагање на извршувањето, што значи дека тие ќе треба да се извршат веднаш по изрекувањето на пресудата, без оглед на евентуалното поднесување жалба и парична казна од 300.000 евра за Марин Ле Пен.

Обвинителите ја детализираа структурата на „организираниот систем“ кој, според нив, бил воспоставен во периодот од 2004 до 2016 година во партијата Национален фронт, која подоцна беше преименувана во Национален собир, со цел, како што се наведува во обвинението, на вработувања фиктивни европски парламентарни асистенти кои всушност работеле за партијата“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тајфунот Усаги ги погоди Филипините, петта голема бура во последните три недели

„Ние денеска не сме овде од лоши намери, ниту поради обвинувањата на Европскиот парламент, туку поради резултатите од долгата истрага“, изјави обвинителката Луиз Нејтон.