Блинкен: Учеството на Северна Кореја во украинскиот конфликт бара цврст одговор

Сподели со своите пријатели

Ангажманот на Северна Кореја во украинскиот конфликт бара цврст одговор, изјави денеска во Брисел американскиот државен секретар Ентони Блинкен, за време на посетата на командата на НАТО.

Loading...

„Севернокорејските сили вклучени во борба и сега буквално во конфликт – тој нов елемент бара силен одговор, и тоа ќе биде“, изјави Ентони Блинкен за новинарите, придружуван од генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

САД вчера потврдија дека севернокорејски војници се вклучени во борбени операции во рускиот регион Курск, чиј мал дел беше окупиран од украинските сили.

Блинкен изрази загриженост за глобализацијата на украинскиот конфликт и повика на поблиска соработка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин (ФОТО)

„Една од работите што НАТО ги постигна во текот на годините е да ги зајакне врските со партнерите во индо-пацифичкиот регион, а ние ќе го направиме тоа уште повеќе во следните недели и месеци“, рече Блинкен.

На 20 јануари администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе биде заменета со администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Европејците стравуваат дека оваа промена во Белата куќа ќе доведе до намалување на американскиот ангажман на европскиот континент и крај на американската воена поддршка за Украина.