Хорор во Франција: Татко пронашол три деца избодени до смрт, мајката во бегство

Сподели со своите пријатели

Маж од Франција ги пронашол своите три деца избодени до смрт во семејната куќа.

Според извештајот на британскиот Дејли Мејл, неименуван татко синоќа ги пронашол своите деца мртви во својот дом во Таненг, ски-центар во близина на француската граница со Швајцарија – два сина на возраст од 2 и 11 години и една ќерка на 13 години.

Мајката на децата, 45-годишна жена за која локалните медиуми објавија дека боледувала од депресија, моментално е во бегство и е главен осомничен за ова дело.

Според Le Parisien, по неа трагаат 60 полицајци, поддржани од хеликоптери и нуркачки тимови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На денешен ден, речиси 3.000 луѓе загинаа во терористички напад во САД

Француската полиција во моментов разговара со роднините на семејството за да собере дополнителни информации.