Нетанјаху сними порака за Иранците: „Знам дека не ја сакате оваа војна, не ја сакам ни јас“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им порача на Иранците дека владата на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи повеќе се плаши од иранскиот народ отколку од Израел.

Loading...

„Затоа трошат толку многу време и пари обидувајќи се да ги скршат вашите надежи и да ги ограничат вашите соништа. Ви велам – не дозволувајте вашите соништа да умрат. Слушам шепоти: Жени, Живот, Слобода. Зан, Зендеги, Азади“, рече Нетанјаху за движењето за правата на жените во Иран.

„Знам дека не ја сакате оваа војна“

„Не губете надеж. И знајте дека Израел и другите во слободниот свет стојат со вас“, рече Нетанјаху.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Али Хамнеи: Нетанјаху и израелските власти да се осудат на смрт за злосторствата во Газа

Во својата порака, тој се осврна на иранскиот балистички ракетен напад врз Израел на 1 октомври и им порача на Иранците дека тоа чини околу 2,3 милијарди долари од нивните „скапоцени пари“ и предизвика маргинална штета во Израел.

Израел му возврати на Иран на 26 октомври. Нетанјаху претходно директно му се обрати на иранскиот народ, како и на цивилите во Газа и Либан.

Израелскиот премиер рече дека животот во Иран би можел да биде поинаков ако земјата е слободна и ако средствата би можеле да се користат за образование, патишта, вода и болници наместо за војување.

„Но, ова е она што режимот на Хамнеи ви го негира секој ден. Тие се опседнати со уништување на Израел наместо да го градат Иран. Знам дека не ја сакате оваа војна. И јас не ја сакам оваа војна. Израелскиот народ не ја сака оваа војна“, заклучи тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Борел: Мора да се изврши притисок и врз израелската влада и Хезболах

 

Loading...