Бајден и Трамп денеска се среќаваат во Белата куќа

Сподели со своите пријатели

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа ќе се сретне со претседателот во заминување Џозеф Бајден, една недела откако тој како републикански кандидат го освои потребниот број електорски гласови за втор претседателски мандат.

Loading...

Нивната средба, која е закажана за 11:00 часот по локално време (17:00 часот по наше време), се толкува како еден од неформалните чекори во транзицијата на политичката моќ, која Трамп формално ќе ја преземе на 20 јануари 2025 година по церемонија на инаугурација, јавува Гласот на Америка.

Така Трамп, пред формално да ја преземе власта, кратко ќе остане во претседателската резиденција и тоа на покана на Бајден.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Волц: Украинскиот конфликт наликува на Првата светска војна

Средбата се организира по пораката на американскиот претседател во заминување дека ќе овозможи непречена транзиција на власта.

Бајден ја истакна и важноста на соработката со Трамп, неговиот претходник и наследник на претседателството.

Поканата на Бајден се однесува и на сопругата на Трамп, идната прва дама на САД, Меланија Трамп.

Интересен е податокот дека ваква средба меѓу Трамп и Бајден немало по изборите во 2020 година, забележува Гласот на Америка.

По неговиот пораз пред четири години, Трамп изјави дека изборите биле наместени во корист на Бајден и на демократите.

Loading...

Потоа го напушти Вашингтон и не присуствуваше на инаугурацијата на Бајден.

Така, тој стана првиот претседател што го сторил тоа по Ендрју Џексон, кој ја избегнал инаугурацијата на Улис Грант во 1869 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Камала исчезна по изборите, отиде на Хаваи да се одмори

Исто така, ова не е прв пат Доналд Трамп да биде учесник на слична средба.

Пред осум години, по победата на изборите во 2016 година, тој имаше деведесетминутна средба во Овалната соба со тогашниот претседател во заминување Барак Обама.

По тој состанок, Трамп понуди низа пофалби за Обама, кои тој ги неутрализираше неколку месеци подоцна со недокажани тврдења дека поранешниот претседател го прислушувал пред изборите во 2016 година.

Официјално, процесот на политичка транзиција во САД не вклучува средби меѓу претседателот во заминување и новоизбраниот претседател, забележува Гласот на Америка.

Неформалната практика е воспоставена кога во 1841 година претседателот во заминување Мартин Ван Бурен го угости новоизбраниот Вилијам Хенри Харисон на вечера во Белата куќа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Медведев: Кремљ може да размисли да им даде нуклеарна технологија на американските непријатели