Русија изврши напад врз Украина со крстосувачки ракети и дронови, на удар Киев

Сподели со своите пријатели

Русија во текот на ноќта и утринава ја нападна Украина со крстосувачки ракети од стратешки бомбардери, а нешто подоцна следеше и напад со дронови – камикази, соопштија украинските власти.

Loading...

Според податоците на украинските воздухопловни сили, шест авиони Ту-95МС полетале за Украина, пренесува Укринформ.

Во Киев утринава се слушнаа експлозии откако украинските воздухопловни сили ја ставија целата земја во готовност за воздушен напад по лансирањето руски ракети.

Во првиот ракетен напад по повеќе од два месеци, Русија употреби крстаречки ракети лансирани од стратешки авиони, како и балистички ракети, соопшти украинската војска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руските сили заробија британски платеник во областа Курск

„Експлозии во градот. Силите за воздушна одбрана оперираат. Останете во засолништа“, објави градската управа на Киев на Телеграма.

Во исто време Русија ја нападна и Украина со беспилотни летала.

Самоубиствени дронови се забележани на многу области, а според последните податоци на украинските воздухопловни сили, една група била лансирана кон Киев, пренесува Укринформ.

Украинските власти не соопштуваат дали во нападите досега има жртви или материјална штета.

Loading...