Статистиката вели дека на светско ниво, годишно пет милиони луѓе умираат пред време, а оваа црна рамнотежа би можела драматично да се намали благодарение на една едноставна промена во животните навики.
Научниците велат дека само 50 минути трчање еднаш неделно во голема мерка ќе го спречи ризикот од предвремена смрт.
Истражувачите откриле дека редовното џогирање го намалило ризикот од рана смрт за неверојатни 27%.
Студијата покажа дека оваа активност ја намалила стапката на смртност за 30% и 23% кај пациенти со сериозни заболувања како што се карцином и срцеви заболувања.
Според преорачувањата на лекарите, пожелно е сакоја недела да одвоите 75 минути за интензивни кардио вежби.
И во случај да не сте љубител на теретана, доволно е да поминете десет минути секој ден побрзо одење или да направите нешто поенергично кога ги извршувате домашните задачи.
Меѓутоа, светските научници истакнуваат дека нашето тело ќе има најголемии придобивки од трчање кога станува збор за спречување на болести кои водат до предвремена смрт.
Претходните студии откриле дека пет милиони луѓе умираат предвреме секоја година на глобално ниво, а во повеќето случаи се физички неактивни луѓе.