Руски резервоар со нафта се запали по нападот на Украина врз магацин во Белгород

Сподели со своите пријатели

Во складиште за нафта во рускиот регион Белгород, резеворар се запали по напад на украинските вооружени сили, соопшти денеска гувернерот на тој регион Вјачеслав Гладков.

Loading...

„Вооружените сили на Украина со дрон нападнаа складиште за нафта на територијата на градскиот округ Стари Оскол. Како резултат на експлозијата, еден од тенковите се запали“, објави тој на мрежата Телеграм.

Пожарот бил брзо изгаснат, а во инцидентот нема жртви, пренесува РИА Новости.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руските сили со дронови ја нападнаа енергетската инфраструктура во областа Николаев