Околу 760 стебла се засадени во Градскиот парк во Куманово во рамките на голема акција за разеленување на градот.
Во садењето учествуваше и градоначалникот Максим Димитриевски, претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, претставници од општинската администрација и работна екипа од ЈП „Чистота и зеленило”.
– Вкупно насадивме 760 стебла, а до 20 декември ќе имаме уште три садења, на три важни локации и тоа Парк Соколана, градски парк и кејот на реката Кумановка, информира градоначалникот Димитриевски.
Оваа акција, како што додава тој, е дел од напорите за заштита на животната средина и создавање на почист воздух за сите граѓани на Куманово.
– Секое дрво значи повеќе свежина и здрава иднина за нашата заедница, вели градоначалникот.
Никола Ивановски