Мелони до Трамп: Италија и Америка се „сестрински нации“

Сподели со своите пријатели

Италијанската премиерка Џорџа Мелони упати „искрени честитки до Доналд Трамп за неговата победа на претседателските избори во САД“.

Loading...

Таа ги опиша Италија и САД како „сестрински нации“ врзани со нераскинлив сојуз, заеднички вредности и историско пријателство.

Џорџа Мелони во објава на социјалните мрежи изрази уверување дека оваа стратешка врска сега дополнително ќе се зајакне и упати најубави желби до идниот американски претседател.

Италијанскиот премиер има блиски врски со Илон Маск, што многумина го толкуваат дека Италија ќе има добри односи со новата американска администрација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „АП“: Трамп ја освои Пенсилванија, но му недостигаат уште три електорски гласови за конечна победа