Медведев: Трамп не сака да троши премногу пари за Украина

Сподели со своите пријатели

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев денеска изјави дека веројатно е лоша вест за Украина што Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД, бидејќи, како што изјави, не сака да одвои премногу пари на Киев.

Loading...

Медведев на Телеграм објави дека Трамп има една карактеристика што е корисна за Русија, а тоа е дека како бизнисмен не сака да троши премногу пари на „лоши добротворни проекти и „алчни меѓународни организации“ и дека Украина веројатно спаѓа во категоријата на Трамп не сака да троши премногу пари, пренесе РИА Новости.

Медведев рече дека прашање е колку средства Трамп ќе биде принуден да издвои за војната во Украина бидејќи, како што наведе, американскиот систем е посилен и покрај упорноста на Трамп.

Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД.