Нетанјаху му честиташе на Трамп: „Силна посветеност на големиот сојуз меѓу Израел и Америка“

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му честиташе на Доналд Трамп за победата на американските избори.

„Почитувани Доналд и Меланија Трамп, честитки за најголемиот кам-бек во историјата! Вашето историско враќање во Белата куќа нуди нов почеток за Америка и моќна повторна посветеност на големиот сојуз меѓу Израел и Америка. Ова е голема победа! Во вистинско пријателство, вашето – Бенјамин и Сара Нетанјаху“, напиша израелскиот премиер.

Заедно со честитките за Х, тој објави и фотографија со Трамп.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Западните земји го повикуваат Израел да отвори медицински коридор за пациенти од Газа