Путин: Русија е подготвена за преговори со Украина

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека земјата е подготвена да води преговори со Украина.

Loading...

„Неколку пати кажав дека Русија не само што е подготвена за преговори, туку во одредена фаза, на самиот почеток на овој конфликт, ги водеше тие преговори. Од украинската страна дури беше подготвен и парафиран заемно прифатлив договор. Меѓутоа, според советите од страна, кои подоцна ги потврдија и украинските власти, украинската страна го отфрли тој договор“, рече Путин на церемонијата на предавање на акредитивните писма на странските амбасадори во Кремљ, пренесува Риа Новости.

Тој исто така рече дека Русија е отворена за меѓусебна соработка со сите земји.

„Русија е отворена за взаемно корисна соработка со сите земји без исклучок за принципите на еднаквост, немешање во внатрешните работи и строго почитување на меѓународното право“, рече тој.

Во однос на конфликтот на Блискиот Исток, Путин рече дека Русија активно се обидува да спречи палестинско-израелскиот конфликт да ескалира во поголема војна.