Наставник од Куманово нападнат оти натепал ученик

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишен наставник од Куманово бил физички нападнат, а добил и закани со остар предмет оти претходно нападнал ученик.

Loading...

– На 04.11.2024 во 17.00 часот во СВР Куманово, М.Љ.(27) – вработен во основно училиште во Куманово пријавил дека во угостителски објект бил физички нападнат од едно лице кое му се заканило и со остар предмет поради претходно недоразбирање со ученик од училиштето, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што додаваат од полицијата, подоцна, во 21.05 часот, М.Б.(40) од Куманово пријавил дека во основното училиште во кое учи, неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот М.Љ..

ПРОЧИТАЈТЕ И:  11 пожари за еден час избувнаа во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Од СВР Куманово велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски