Димитриевски: Оваа влада се обидува да ги смени негативните трендови во државата

Сподели со своите пријатели

„Оваа влада се обидува да ги смени негативните трендови во државата, при тоа не газејќи ги македонските национални и државни интереси и не отстапувајќи ни еден милиметар од тоа“, изјави Димитриевски во „За или
против“ на тв Алфа.

Loading...

„ЗНАМ е нов политички субјект и за нас е здраво да учествуваме на избори. Да видиме каде сме, што сме. Во секој случај доколку мнозинството одлучи дека треба да има избори, ние сме за и смеподготвени за нив“, рече Максим Димитриевски, градоначалникот на Куманово и Претседател на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, во гостувањето во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа.

„Видете, во политиката, доколку се случат предвремени парламентарни избори, заедно со локалните избори, повеќе од сигурен сум дека и ова што во моментот го имаат од СДСМ, како број на пратеници во парламентот, ќе се намали драстично, што е добро за државата, бидејќи тоа е една пратеничка група која што всушност цело време со своите кандидатури бркаше самоамнестија и едноставно спас за самите себе си, не водејќи сметка за партијата“, додаде тој. На констатацијата дека Филипче, претседателот на СДСМ изјавува дека Вреди и ЗНАМ имаат преполовена поддршка и маргинализирана улога во владата и дека кај нив доаѓале членови за да се зачленат в во СДСМ, Димитриевски одговори дека тие не се голема и моќна политичка партија која може постојано да нарачува анкети и да го мери рејтингот и додаде:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Градскиот парк во Куманово светна во ново руво (ФОТО)

„Подобар мерач на рејтингот од изборите нема, а тие се случија пред извесно време и сите видовме кој каде сме и какво е расположението кај народот. Дали има задоволство од актуелната власт граѓаните ќе кажат веќе на следните избори. Факт е дека граѓаните повеќе не се палат на популизам и на празни зборови. Факт е дека оваа влада се обидува да ги смени негативните трендови во државата, при тоа не газејќи ги македонските национални и државни интереси и не отстапувајќи ни еден милиметар од тоа. И се додека е тоа така ЗНАМ секако ќе биде составен дел на мнозинството на оваа власт и ќе гарантира да нема уцени од малцинството над мнозинството, како што беше во минатото“.

Димитриевски додаде дека негова обврска како политичар , а и како политичка гарнитура, составен дел на оваа актуелна власт од делот на ЗНАМ, е да го дадат својот максимум во насока на подобрување на секојдневниот живот на граѓаните.

Да се занимаваат со конкретни работи коишто ќе го олеснат животот и ќе ја зголемат, придвижат економијата и да се придонесе луѓето да се задржат да живеат тука.

На констатацијата дека има навестувања оти работите се движат во позитивна насока, Димитриевски рече:

„Видете претходната власт ја уби вербата , надежта кај граѓаните. Оваа власт ни под разно не смее да си дозволи да го убие оптимизмот или желбата да се продолжи таму каде што се застана, во позитивна насока. Убеден сум дека сите чинители во власта и ние, како ЗНАМ, тоа што го ветувавме го реализираме. Тоа е составен дел на владината програма. Ние со учество од шест пратеници се обидуваме со нашите партнери ветеното да го реализираме. Во нашите ресори, администрација и правда се очекуваат најголемите реформи, бидејќи нам ни треба функционална, а не партизирана држава“.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Анализа: Каков е соодносот меѓу минималната и просечната плата кај нас и во регионот

Запрашан кој е неговиот коментар на видеото на кое претседателот на СДСМ, Филипче се гледа како се забавува во Дубаи на приватна забава со поранешнио претседател на партијата Заев, Димитриевски рече дека е некоректно да коментира приватни забави, иако станува збор за јавна личност.

„Јас, ниту господинот Венко Филипче, ниту голем број на поранешни функционери на минатата влада никогаш не сум ги доживувал како луѓе кои што потекнуваат или се СДСМ. Тие се всушност натрапници во таа партија којашто своевремено била државотворна партија, кокетирале со сите други власти, идеолошки не биле поткрепени во таа насока и со сплет на околности дошле на тие места и таа партија ослабува и претпоставувам ќе ја доживее судбината на Пасок од Грција“.

На прашањето како ја коментира заканата на опозициската ДУИ за дестабилизација, Димитриевски упати порака до Ахмети да го промени наративот и да си пресмета дека сме во 2024 година, а не во 2001 и дека никој Македонија не може да ја дестабилизира, ниту од надвор ниту од внатре.

„Македонија е единствено дестаблизирана поради грабалаштината која ја направија тие повеќе од 20 години на власт. Tоа со оваа власт и со ЗНАМ не поминува. Доколку се случи било каков обид за дестабилизација на државата, државата ќе одговори. Секој има право на демократски начин да протестира. Ако се случи некој да се обиде да дестабилизира, државата ќе постапи. Македонија има закон, има Устав, има институции и истите ќе постапат да го заштитат уставниот поредок. Волјата на мнозинството се искажува со 61 пратеник во парламентот, што го имаме и наша обврска е да ја почитуваме волјата на мнозинството“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово доби сувенирница (ВИДЕО)

Во однос на проектите што ќе ги спроведе во општина Куманово со средствата што и беа доделени од заемот од Унгарија, Димитриевски рече дека покрај реконструкцијата на спортската сала и реконструкцијата на најголемиот градски парк, кадешто е завршена најдолгата тартан патека во државата, како и велосипедска, средставата ќе бидат насочени во индустриската зона Новини и Речици во Куманово со изградба на инфраструктура со што очекуваат да привлечат инвеститори и да го зголемат капацитетот на стопанството за отворање на нови работни места.

Димитриевски додаде дека веќе има четири инвестиции во таа зона, петтата е во тек, логистичкиот центар на Лидл, како и најави за нови инвеститори во автомобилската индустрија.

„Ќе ја прошириме гасоводната мрежа, бидејќи активно работиме на гасификацијата во градот и третата инвестиција е решавање на еден деценски комунален проблем.  Тоа е инсталирање на атмосферска канализација на една од најстрмните улици во градот, улицата „Бајрам Шабани“, рече Максим Димитриевски во гостувањето во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа.