Стан на улицата „Страшко Арсов“ вчера бил опожарен откако во него избувнал пожар, од засега непознати причини, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во 17:45 пожарот бил пријавен во Територијалната противпожарна единица Куманово, од каде екипа со едно противпожарно возило и пет пожарникари излегла на терен и во 18:15 часот ја завршиле интервенцијата, притоа целосно ликвидирајќи го огнот.
Причините за пожарот, како и настанатата материјална штета допрва ќе се утврдуваат.