Учениците од музичкото училиште со први награди од фестивал во Врање

Сподели со своите пријатели

Учениците од Училиктето за основно музичко образование „Панче Пешев“ во класата на проф. м-р Сандра Зојчевска повторно се вратија со први места овој прат од дваесетотто издание на фестивалот „Такмичење малих пијаниста“.

Во втората категорија првото место го делат Ермир Бектеши и Дрин Салиу, а третото е во рацете на Емира Муслиу. Во четвртатта категорија трето место освои Едита Муслиу, а Марко Насковски освои пофалница.

Учебната 2015/2016 ја завршуваме со овој доста тежок, но значаен натпревар, освојувајќи повторно високи награди. меоите ученици уште еднаш потврдија дека успехот се препознава и наградува секаде и дека тие се најдобрите музички амбасадори на нашиот град. Гордост е да се има вакви ученици  – рече нивниот менто проф. м-р Сандра Зојчевска.

Инаку станува збор за шесто издание на овој престижен меѓународен натпревар кој се одржа на 21ви и 22ри мај во Врање, Република Србија.