Без струја денеска и утре поголем број населби и села во Куманово

Сподели со своите пријатели

Голем број кумановски села, но и голем дел од населбата Карпош денеска и утре ќе бидат привремено бидат без електрична енергија.

Loading...

Денеска од 08:30 до 14:30 без напојување ќе останат селата Макреш, Канарево, Добрача, Цвиланце, Бајловце, Аљинце, Жељувин и Дренок.

Прекини во период од 09:30 до 11:30 часот ќе има кај корисниците од населбата Карпош, поточно улиците 100, 200, 201, 203, 204, 205, 206, 207, 208, 209, 210, 221, 222 и 223.

Планирани прекини ќе има и во селото Тромеѓа и тоа во период од 08:30 до 14:30 часот,

Од 09:10 прекини во вторник ќе има и во селото Бељаковце, но не е наведено до кога ќе трае, додека во селото Воиновиќ прекини ќе има од 09:00 до 14:00.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започнува Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово 2025“

Уште еден дел од населбата Карпош ќе биде без струја, овој пат од 12:00 до 14:00 часот, а станува збор за улиците: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11 и 12.

За утре прекини се најавени за селата Љубодраг, Ново Село, Умин Дол и Ропаљце во период од 07:30 до 14:30 часот.

Од 08:00 до 12:00 часот утре без напојување со електрична енергија ќе останат локалитетот „Агро Куманово“ на улица „Никшиќка“, како и корисниците од улиците „Теофан Економов“ и „Б.Б.Гуцман“.

Loading...

Станува збор за највени прекини од страна на ЕВН поради интервенција во дистрибутивниот систем.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел со 1,70 промили. Полицијата го привела.