Украина во четвртокот соопшти дека соборила 40 од 50 руски дронови лансирани во ноќен напад, додека други седум исчезнале од радарите.
Loading...
Киев објави дека едно беспилотно летало се уште е во украинскиот воздушен простор, додека други две свртеле кон Русија и Белорусија.
Украина користи системи за електронско војување за да ги збуни системите за навигација на беспилотните летала, што често предизвикува нивно исчезнување од радарот или менување на курсот, пренесува Ројтерс.