Турција гаѓаше цели на ПКК во северен Ирак и Сирија по терористичкиот напад во Анкара

Сподели со своите пријатели

Турција со проектили погоди локации поврзани со курдската милитантна група Курдистанска работничка партија (ПКК) во северен Ирак и северна Сирија по терористичкиот напад во Анкара, соопшти Министерството за одбрана.

Loading...

„Извршена е воздушна операција против терористички цели на северот на Ирак и Сирија… и успешно се уништени вкупно 32 терористички цели“, се вели во соопштението на Министерството, додавајќи дека операциите продолжуваат.

Извршителите на нападот во Анкара најверојатно се членови на ПКК забранета во Турција, изјави претходно министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, пренесува Ројтерс.

Објектите на Турската воздухопловна индустрија (ТАИ) во Анкара вчера беа цел на терористички напад во кој загинаа пет лица, а 22 беа ранети.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Романија најавува суспензија на ТикТок

Двајцата терористи кои го извршија нападот, од кои едната жена, се елиминирани, објави Јерликаја.

Ниту една група се уште не ја презела одговорноста за нападот.

Потпретседателот на Турција Џевдет Јилмаз изјави дека четворица од жртвите се вработени во ТАИ, додека петтата жртва е таксист, пренесува Би-би-си.

Локалните медиуми претходно објавија дека напаѓачите го убиле таксистот, а потоа нападот го извршиле со неговиот автомобил.

Loading...

Експлозијата се случила за време на смената, кога вработените биле испратени во прифатилишта.

Меѓу повредените има и седум припадници на специјалните сили, рече Јерликаја.

ПКК е забранета терористичка организација во Турција, САД и Велика Британија и се бори против турската држава од 1980-тите, барајќи поголеми права за значителното курдско малцинство во земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На Германија ќе и требаат 288.000 странски работници секоја година до 2040 година

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој е во Русија на самитот на БРИКС, го осуди терористичкиот напад за време на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во телевизиско обраќање.

Подоцна Ердоган објави изјава на мрежата „Х“ во која изјави дека безбедносните сили брзо реагирале и ја неутрализирале заканата, со порака дека ниту една терористичка организација што ја таргетира безбедноста на Турција нема да може да ги постигне своите цели.

Турските власти им наредија на медиумите да не објавуваат детали за нападот и предупредија дека сите фотографии и видеа поврзани со инцидентот ќе бидат отстранети од социјалните мрежи.