Утре без струја поголем дел од Куманово и околината

Сподели со своите пријатели

Без струја утре привремено ќе биде поголем дел од Куманово и околината, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Така во период од 10:00 до 13:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од населбата Карпош, поточно улиците: 30, 31, 32, 33, 34, 35, 36, 37, 38, 39, 40, 41, 42 и 43.

Во период од 08:55 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Индустриска“, како и голем дел од улицата „11 Октомври“ и сите индустриски објекти кои се  наоѓаат по кружниот тек на излезот од градот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со „Ти и јас“ кумановскиот бенд „The Solution“ ќе настапи на „Макфест“ (ВИДЕО)

Паралелно во исто време (од 08:55 до 11:00) часот без напојување ќе бидат и улиците „Ибе Паликуќа“, „Ристо Романовски„, „Јован Поповиќ“, селото Черкезе, како и населбата Железничка Станица.

Прекини во период од 08:00 до 14:00 часот ќе има на улицата „11 Ноември“ поточно во делот околу поранешната касарна Карпош.

Во период од 11:05 до 13:00 часот струја нема да имаат ниту пумпите за вода во населбата Бедиње, дел од другите индустриски објекти и правни лица на тој потег, но и липковските Опае, Ваксинце, Слупчане, Алешевце, Извор, Руница и Белановце.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН поради интервенции во дистрибутивната мрежа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 1.100 ученици во Куманово бесплатно пливаат на затворениот Градски базен (ФОТО)

Никола Ивановски

Loading...