Димитриевски: Сите сплотени да продолжиме да чекориме по патот на нашите револуционери

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманови и претседател на Движење ЗНАМ  – За наша Македонија Максим Димитриевски денеска го честиташе Денот на Македонската револуционерна борба.

Loading...

Неговата честитка ви ја пренесуваме интегрално:

„На овој ден се потсетуваме на упорноста и истрајноста на нашите претци, на големата борба за слобода и независност на наша Македонија.

Македонската револуционерна борба е втемелена во секој од нас и треба да биде фактор и потсетник за националното обединување, а не причина за раздор и поделба на патриоти и предавници.

Затоа сега сите сплотени да продолжиме да чекориме по патот на нашите револуционери, да ги унапредиме сите општествени сфери и да обезбедиме подобар живот на сите граѓани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дводневна предновогодишна забава во Куманово

Честит нека ни е денешниот ден – 23 Октомври, “Денот на македонската револуционерна борба” – напиша Димитриевски.

Никола Ивановски