Во овие држави е најтешко да се добие државјанство (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ова се шесте земји во кои е најтешко да се добие државјанство.

Loading...

 

 

Ватикан е најмалата суверена држава во светот, дом на 800 луѓе, од кои 450 имаат државјанство.

Може да станете граѓанин на четири начини: со тоа што сте кардинал на Римокатоличката црква што живее во Рим или Ватикан, дипломат на Светата столица или лице чија професија бара живеење во Ватикан – како што е член на Швајцарската гарда.

Последниот начин за стекнување државјанство е да се добие посебно одобрение или да се биде во брак со државјанин на Ватикан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Глобалната популација на џиновски панди во заробеништво достигна 757

Меѓутоа, како што може да се види од примерот на припадниците на швајцарската гарда, штом им завршува должноста, тие го губат државјанството.

Loading...

За да станете полноправно државјанин во Кина, треба да имате роднини со постојан престој таму или некоја легитимна причина да станете кинески државјанин.

Неопходен услов е да живеете во Кина неколку години, но бројот на години не е наведен.

Иако теоретски е можно да се добие државјанство, во пракса тоа е многу потешко.

За јапонско државјанство, прво мора да се откажете од родното државјанство, да живеете во Јапонија пет години, да поминете детална проверка и интервјуа.

Самата процедура може да трае со години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Глобалната популација на џиновски панди во заробеништво достигна 757

Ако мајката е државјанин на Катар, а таткото не е, лицето родено таму нема државјанство на таа земја.

А ако сакате да станете државјанин на Катар, а сте странец, тогаш треба да живеете таму 25 години и да не ја напуштате земјата повеќе од два последователни месеци.

За државјанство од Лихтенштајн, треба да живеете во таа земја дури 30 години. Ако некој е под 20 години, секоја година се брои како две, а ако сте во брак со државјанин на таа земја, процесот се скратува на пет години.

Loading...

Постои и можност жителите на одредена општина да гласаат за доделување државјанство по „само“ десет години живеење во тоа место. Притоа, треба да се откажете од претходното државјанство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Глобалната популација на џиновски панди во заробеништво достигна 757

Емирати, Кувајт, Швајцарија, Бутан, Јужна Кореја, Австрија, Германија и Соединетите Американски Држави се исто така на списокот на земји каде што е тешко да се добие државјанство.