Регулаторната комисија за енергетика одлучи за намалување на цените на горивата од вечерва на полноќ. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 1 денар, и ќе изнесува 77 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 се намалува исто за 1 денар и ќе се продава по цена од 79 денари.
ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 2 денари, и ќе изнесува 68,5 денари по литар.
Цената на екстралесното масло за домаќинство исто така за намалува, за 2,5 денари и ќе се продава по 68 денари. Се намалува и цената на мазутот, кој од утре ќе се продава по цена од 42,6 денари по килограм.
Од 22.10.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,573 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,052%, кај дизелот за 5,983%, кај екстра лесното масло исто има намалување од 6,262% и кај мазутот намалувањето е за 2,187%.