Три помали пожари изгаснале вчера пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Loading...
Првиот пожар бил на три запалени контејнери и една напуштена гаража под пругата на улица „Христијан Тодоровски Карпош“, односно м.в. Бавчи.
Тројца пожарникари го гаснеле огнот со едно противпожарно возило во период од 08:50 до 09:30 часот.
Во селото Горно Којнаре исто така бил запален контејнер. Таму во период од 13:00 до 13:45 часот интервенирале двајца пожарникари.
Во атарот на селото Романовце пак било запалено ѓубре. Во период од 16:15 до 17:10 часот, интервенирале тројца пожарникари.
Во моментов нема активни пожари.