Ветерен парк од 400 милиони евра во кумановско, најави Мицкоски

Сподели со своите пријатели

Изградба на ветерен парк кај Куманово, Ранковце, Крива Паланка и Старо Нагоричане, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Loading...

Како што посочи тој, ќе станува збор за германска инвестиција, тешка дури 400 милиони евра.

Како што истакна премиерот, до крајот на годината, две германски компании ќе почнат да вложуваат, едната, веќе присутна во земјава, ќе гради нов производен погон, а другата ќе стартува сосема нова гринфилд инвестиција.

Струјата што ќе ја произведуваат, вели Мицкоски, ќе ја продаваат на пазарот.

– За жал, четири години таа инвестиција не биле во можност да ја реализираат од причини кои не би ги коментирал сега во јавноста, ќе треба истражните органи да се позанимаваат. Но, веќе задолживме луѓе од Кабинетот што ќе ја следат на дневна основа реализацијата на оваа инвестиција која ќе значи уште еден чекор напред кон зелената транзиција, односно производство на електрична енергија од обновливи извори, изјави премиерот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово ќе добие најмногу пари за проекти од повикот на Владата

Во врска со проектите на општините, рече дека ќе бидат јавно објавени.

Никола Ивановски