Викенд прогноза за Куманово: Наутро студено, попладне пријатно време

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Наместа ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу пет степени, а максималната дневна се очекува да достигне 19 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец баран за издржување затворска казна

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерено засилен јужен ветер.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу четири степени, а дневниот максимум ќе достигне 18 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Во недела ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурат аќе се движи во интервал од минимални два, до максимални 18 степени целзиусови.

 

 

Слично време ќе се задржи и во текот на претстојната работна недела.

Никола Ивановски

Loading...