Oблачно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Врнежите на повеќе места ќе бидат обилни, особено во првата половина од денот, а во југоисточните делови се очекува да наврнат и над 50 л/м2. До крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Куманово и околината ќе имаме врнежливо време со максимална дневна температура од 17 степени и слаб ветер од западен правец. Врнежите во вечерните часови ќе престануваат, а температурата ќе изнесува 10 степени целзиусови. Во изминатото деноноќие на територијата на кумановско наврнале 16 литри дожд на метар квадратен.

Најмалу наврнат дожд има во Берово и тоа само 3 литри на метар квадратен, но во Маврово изнесува 72 литри.

Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец ќе биде времето во текот на утрешниот ден, велат од УХМР