Хорор во Унгарија: Го убил синот (2) со пиштол за свињи, па се обидел да си пресуди

Сподели со своите пријатели

Телото на двегодишното момче е пронајдено во петокот во унгарското село Закани, во близина на границата со Хрватска, а за убиството е осомничен 37-годишниот татко на детето, пишува 24.hu.

Loading...

Наводно, таткото со пиштол за свињи го убил синот, а потоа се обидел да си го одземе животот.

Тој со тешки повреди бил пренесен во болница.

Неколку дена пред убиството тој на социјалните мрежи споделил видеа на кои има оружје.

Наводно, тетката на убиеното момче ѝ рекла на полицијата да оди во куќата во која живеел убиецот.

Сведокот во полиција изјавил дека мажот по убиството го покрил телото на неговиот син, а потоа со другиот јадел пица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Романија најавува суспензија на ТикТок

Семејството тврди дека мажот сакал да ја убие поранешната партнерка бидејќи ја поканил за време на викендот на разговор.