Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните кои планираа викендов да патуваат кон соседна Грција дека од страна на грчките погранични служби добиле известување дека во периодот од 20.05 – 23.05.2016 година царинските служби ќе штрајкуваат.
Односно на граничните премини „Ники“ (ГП „Меџитлија“) и „Дојрани“ (ГП „Стар Дојран“) сообраќајот ќе биде во прекин на патнички и товарни моторни возила додека преминувањето на границата пешки е дозволена за сите патници, додека пак на преминот „Евзони“ (ГП „Богородица“) сообраќајот при влез и излез од Република Грција ќе се одвива со прекини. Односно после секои два часа прекин, ќе се пропуштаат возила во времетраење од 15-тина минути.