Израел се соочува со можен недостиг на ракети за неговите ПВО системи

Сподели со своите пријатели

Во екот на војната во Појасот Газа и Либан и подготовките за можна ескалација на конфликтот со Иран, Израел се соочува со потенцијален недостиг на ракети пресретнувачи во неговиот систем за противвоздушна одбрана, објавија денеска медиумите.

Loading...

Повикувајќи се на експерти и поранешни воени функционери, американскиот весник „Фајненшл тајмс“ наведува дека „официјален Вашингтон и помага на еврејската држава да го реши овој проблем“, меѓутоа, поради недостигот на ракетна муниција, Израел би морал да се најде во ситуација да треба да одлучи кои цели сака да ги брани како приоритет, пишува Тајмс оф Израел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел уби девет членови на едно семејство во Нусејрат

„Проблемите со муниција на Израел се сериозни. Доколку Иран одговори на нападот од Израел, а Хезболах исто така се приклучи во тој напад, израелската противвоздушна одбрана ќе биде преоптоварена“, рече Дана Строл, поранешен претставник на американското Министерство за одбрана.

Боаз Леви, извршен директор на Israel Aerospace Industries, кој произведува ракетни проектили, рече дека некои од израелските производствени линии работат 24 часа на ден, седум дена во неделата.

„Нашата цел е да ги исполниме сите наши обврски“, рече Леви.