Либан: Најмалку 21 лице загина во израелскиот напад на северот

Сподели со своите пријатели

Најмалку 21 лице загина, а осум се повредени во израелски воздушен напад во северен Либан, соопшти денеска либанското Министерство за здравство.

Loading...

Ударот вчера погоди станбена зграда во Аито, кварт претежно христијанин далеку од областите каде што израелската армија изврши илјадници напади врз вооружената шиитска исламистичка група Хезболах, јавува Би-Би-Си.

Жителите велат дека таму живеело семејство кое неодамна било раселено од војната.

Либанскиот телевизиски канал Al Mayadeen објави на платформата X дека ова е втор пат израелските сили да го гаѓаат северот на земјата.

Нападот, кој погоди мала станбена зграда во селото Аито во областа Згарта, беше еден од најсеверните откако Израел го нападна Либан претходно овој месец, јавува Асошиетед прес.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Австрискиот шеф на дипломатијата го обвини Израел за кршење на меѓународното право

Либанската милитантна група Хезболах е главно присутна во јужниот дел на земјата и во јужните предградија на Бејрут.