Скоро 30.000 Македонци за продолжениот викенд излегле преку Табановце

Сподели со своите пријатели

Над 29.000 македонски државјани ја напуштиле државата преку граничниот премин Табановце за време на празничниот викенд, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

За викендот, над 14.000 странски државјани влегле во Македонија.

Според податоците на МВР, на 11 октомври, во петокот, од Македонија излегле 20.952 македонски и 14.800 странски државјани.

Во саботата, фреквенцијата на излез опаднала на 5.946 македонски и 5.724 странски државјани.

Вчера, излегле 2.528 македонски и 4.514 странски државјани.

Во исто време, на 11 октомври, влегле 3.874 македонски и 4.201 странски државјанин.

На 12 октомври, влезот се зголемил на 5.101 македонски и 5.097 странски државјани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уште една кумановка наседна на биткоин измама: Останала без 88.000 денари

Најмногу македонски граѓани влегле вчера, со бројка над 13.000 (13.635), а од странски државјани, 4.718.

Loading...

МИА