Европските берзански индекси денеска бележат претежно пад, златото поскапе, додека на пазарите истовремено е забележан пад на цените на нафтата и на пченицата.
Индексот DAX на франкфуртската берза денеска во 9:20 часот порасна на 19.422,15 поени, додека британскиот FTSE 100 падна на 8.243,75 поени, францускиот CAC 40 на 7.554,46 поени, а московскиот MOEX на 2.740 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 42.863,86 поени, индексот S&P 500 на 5.815,03 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 18.342,94 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 74.204 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 77.690 долари.
На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 39.600 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.663,13 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,9479 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,09243, што е приближно исто како и во петокот.