Израел уби десет Палестинци во кои чекале ред за храна во Газа

Сподели со своите пријатели

Во артилерискиот напад на израелската армија врз центарот за дистрибуција на храна во бегалскиот камп Џабалија, на северот од Појасот Газа, загинаа десет Палестинци, а десетици се повредени, јавува Anadolu Agency.

Loading...

Според очевидци, израелската артилерија пукала врз десетици Палестинци, главно жени и постари лица, кои чекале пред центарот во Џабалија за да добијат брашно и други намирници.

Здравствени извори наведуваат дека во нападот загинале најмалку десет лица, а десетици се повредени.

Израелската армија, која го држи под строга блокада бегалскиот камп Џабалија и многу други области во северниот дел на Газа, не дозволи екипите за прва помош да стигнат до загинатите и ранетите во регионот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Борел предлага да се прекине дијалогот со Израел

Веќе десетина дена израелската армија продолжува со интензивните напади врз бегалскиот камп Џабалија, Беит Лахиа и Беит Ханун на северот од Појасот Газа.