Кина започна воени маневри околу Тајван

Сподели со своите пријатели

Кина денеска започна воени маневри со авиони и бродови околу Тајван, кој соопшти дека распоредила „соодветни сили“ како одговор.

Loading...

Вежбите наречени „Joint Sword-2024B“ (Заеднички меч) имаат за цел „да ги тестираат заедничките оперативни способности“ на силите, соопшти утринава кинеското Министерство за одбрана.

Операциите се одвиваат „во областите северно, југ и источно од островот Тајван“, изјави портпаролот на Источната команда на кинеската војска, капетанот Ли Кси.

Маневрите се „фокусирани на патроли за борбена готовност на море, блокада на пристаништа и клучни области, напад на поморски и копнени цели“, како и „заедничко стекнување на севкупна надмоќ“, додаде Ли.

Тајванското Министерство за одбрана ги оцени вежбите како „ирационално и провокативно однесување“, додавајќи дека „распоредени се соодветни сили за соодветно да реагираат со цел да се заштитат слободата и демократијата, како и да се брани суверенитетот на Тајван“.

„Соочени со непријателска закана, сите офицери и војници на земјата се во готовност… Ние сме решени и уверени дека ќе можеме да обезбедиме одбрана на националната безбедност“, додаде тајванското министерство.

Кина го смета Тајван за дел од својата територија која еден ден повторно ќе се обедини и никогаш не се откажала од употреба на воена сила за да ја врати контролата.

Кина го засили притисокот врз Тајван во последниве години со зголемување на својата воена активност околу островот, одржувајќи речиси постојано присуство користејќи воени авиони и бродови.

Loading...

Пекинг спроведе три серии маневри од големи размери во изминатите две години, користејќи ги своите воздушни сили и морнарицата.

Војската на Тајван во неделата соопшти дека е „во состојба на готовност“ откако кинескиот носач на авиони „Лиаонинг“ заплови кон јужниот дел на островот.

Односите меѓу Пекинг и Тајпеј се лоши од 2016 година и доаѓањето на власт на тајванскиот претседател Цаи Инг-вен, проследено со нејзиниот наследник Лаи Чинг-тео во 2024 година.