724 бракови склучени минатата година во Куманово

Сподели со своите пријатели

Според податоците на Државниот завод за статистика вкупно 724 бракови биле вклучени минатата година на подрачјето на Општина Куманово

Што се однесува до невестите вкупно 679 кумановки „рипнале во тава“ за прв пат, во втор брак влегле 41 жена, а по трет пат и повеќе вкупно 40 бракови биле склучени во Куманово.

Мажите помалку се женеле изминатата година, за што говори фактот дека 678 кумановчани стапиле во брак, од кои 41 по втор пат и само еден по трет пат.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2015 година, во
споредба со претходната година, е зголемен за 2.7 % и изнесува 14 186 склучени бракови.

Според траењето на бракот, најголем број разводи, 498, се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на
бракот.