Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи околу шест степени, а максималната дневна се очекува да се искачи на 21 степен целзиусов.
Утре низ кумановско ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерено засилен северен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 7 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне 21 степен целзиусов.
Претежно сончево со мала облачност, ќе биде времето во среда. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 5 до максимални 20 степени целзиусови.
И во четврток ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 6 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 18 степени целзиусови.
Во петок ќе имаме сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 6 до максимални 18 степени целзиусови.
Претежно облачно време со малку сончеви периоди ќе имаме во сабота. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 7 степени, а максималната дневна ќе достигне 17 степени целзиусови.
И во недела ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди и слаб до умерен ветер од јужен правец. Слична ќе биде и температурата, со минимални шест и максимални 17 степени целзиусови.
Слично време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.
Никола Ивановски