Непал: Пет руски алпинисти загинаа при освојувањето на седмиот највисок врв во светот

Сподели со своите пријатели

Пет руски алпинисти загинаа во Непал при освојувањето на седмиот највисок врв во светот, соопшти организаторот на експедицијата.

Loading...

Алпинистите се искачија на планината Далугари висока 8.167 метри, јавува Радио Слободна Европа.

Алпинистите се водат како исчезнати од неделата, а нивните тела денеска ги забележал спасувачки хеликоптер, изјави шерпасите Пемба Џангбу од планинарската организација со седиште во Катманду.

Се вели дека две лица го достигнале самиот врв додека другите не, а потоа почнале повторно заедно кога базата изгубила радио контакт со нив.

Се уште не е познато како телата ќе бидат симнати од планината, бидејќи за тоа ќе биде потребен обемен план, голем број луѓе и опрема.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина воведе царини за европските алкохолни пијалаци

Минатиот месец започна есенската сезона за искачување на највисоките врвови, која не е толку популарна како пролетната сезона.